Станбено деловниот објект се наоѓа во подножјето на Водно, сместен во природен амбиент, во непосредна близина на КАМ маркет. Во близина на објектот се наоѓаат градинка, училиште, помал трговски центар, како и автобуска постојка за брзо и едноставно поврзување со центарот на градот.
Објектот е со приземје, пет ката и поткровје, со станови од 38 м2 до 87 м2 со обезбеден паркинг простор.
Изградбата е во согласност со најновите иновации во градежништвото и вградување единствено материјали од 1 класа. Објектот е енергетски ефикасен со цел квалитетно и економично живеење.